Денес се започна со реконструкција, уредување и збогатување со нови содржини на постоечкото детско игралиште во с.Карбинци.

По завршувањето на сите подготвителни активности игралиштето ќе добие нов лик со современа тартан подлога, целосно ќе биде оградено со што граѓаните ќе добијат едно ново безбедно катче за рекреација на најмалите.

Во следниот период ќе се реконструира и детското игралиште во с.Таринци и спортскиот терен во склоп на училиштето во с.Долни Балван. Децата заслужуваат најдобри услови за безгрижна игра!