Со иницијативата на Градоначалникот Јордан Насев ,
по речиси две ипол изминати децении повторно се врака духот на соживотот во заедницата,
дружењето и напредокот на меѓучовечките и меѓунационалните односи.
Неизоставен е сегментот не меѓугенерациското дружење во оваа рурална општина,
што впрочем беше прикажано и во самата театарска претстава.
Оваа иницијатива на градоначалникот ќе значи и уникатност и препознатливост на општината Карбинци,
во кои е евидентно исчезнувањето на сегментот културолошки идентитет .
На ова најава од страна на Градоначалникот не останаа рамнодушни младите актери кои со радост,
најавија реализација на уште слични проекти од ваков вид во кои би сакале да учествуваат.
Имплементацијата на проектот се преслика во театарска претстава насловена како “ Фитка преку ритка “
од идеа до реализација креацијата на умот беше пресликана преку сценарио и режија, изработка на кореографија и поставеност на сцена.
Учениците мотивирани од секојдневието сами ги креираа содржините на сцените а беа насочувани од менторот наставник Маре Стојилова.
Содржината на претставата се состоеше од приказ на мултинационалниот соживот на населението во подплачковичкиот регион
приказ на идентитетот на македонското и турското население преку вкупно 11 сцени и настап на вкупно 34 ученици.
Младите актери ја покажаа својата умешност да ги одглумат на еден шегобиен,саркастичен и ироничен начин сите позначајни сегменти од
општевственото -политичкото и културолошкото битисување на овој регион .
Претставата имаше за цел да допре до дамарите на соживотот во секоја од седумнаесете рурални заедници кои влегуваат во составот на Општината Карбинци.
Претставата„ Фитка преку ритка“ е оригинална и афтентична проекција на индивидуалните согледувања на реалноста во општината Карбинци ,
од страна на младите аматери актери кои со голем ентузијазам и креативност многу сериозно му пристапија на вој проект и се трудеа да го реализираат на најдобар можен начин.
Успешноста на нивниот настап беше поткрепена со аплаузи од бројната публика,
а учениците добија благодарници од страна на Градоначалникот на општината Јордан Насев
кој посочи дека општината ке биде главниот покровител во морална и матерјална смисла за уште поголем развој на вакви иницијативи
за таа цел ,Градоначалникот самиот даде идеја за создавање на етнолошко катче.