По повод утрешниот празник Рамазан Бајрам и претстојните Велигденски празници ученичките Асмин Муратова и Гизем Омер
со наставничката Јулијана Поповски и директорката на училиштето Страшо Пинџур Карбинци го посетија градоначалникот Виктор Паунов и му врачија симболични подароци.
Подароците се изработени во рамки на активностите на проектот "Од текстилен отпад-до нов производ" кој во училиштето
се реализират координирани од наставничките Силвана Јакимовска Бинова и Горица Смилкова, а истиот финансиски е поддржан од Фондот за иновации и технолошки развој.