Европската недела на мобилност и ден без автомобил општина Карбинци го одбележа со возење на велосипед.
“Во организација на ООУ ,,Страшо Пинџур" заедно со учениците и наставниците се дружевме возејќи низ нашата општина.
Велосипедот нека ни биде превозно средство кое ќе го користиме повеќе во нашето општество.”, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.