Денес заврши асфалтирањето на улицата во с.Таринци. Градоначалникот на Општина Карбинци најави многу други проекти кои ќе следат во иднина во повеќе населени места.

"Радање ќе добие 2 нови улици, Долни Балван нова улица и нов спортски терен, во Козјак, Карбинци и Кучица ќе вложиме во патната инфраструктура а во најава е и реконструкција на патниот правец Долни Балван - Таринци" изјави градоначалникот.