ПРОЦЕДУРИ И ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ВО ОДДЕЛЕНИЕТО ЗА ФИНАНСИСКИ ПРАШАЊА ВО ДЕЛОТ НА АДМИНИСТРИРАЊЕ СО ЛОКАЛНИ ДАНОЦИ И ТАКСИ
I. ДАНОК НА ИМОТ
ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
>Даночна пријава за утврдување на данок на имот потпишана од даночниот обврзник;
>Имотен лист на име на сопственикот и да не е постар од 6(шест)месеци;
>Договор за купородажба;
>Договор за дар;
>Наследно решение;
>Изјава за поседување на имот заверена кај нотар-дивограба
ДАНОЧЕН ОБВРЗНИК
Oбврзници на данок на имот се физички и правни лица кои се сопственици, корисници или плодоуживатели на имотот.
ДАНОЧНА ОСНОВА
Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според Методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот
ВИСИНА НА ДАНОКОТ
Изнесува 0,10% од утврдената пазарна вредност на недвижноста.
ОСЛОБОДУВАЊА
Данокот на имот се намалува за 50% доколку станот/куќата се користат за живеење, со доказ лична карта.
ДАНОЧНА ПРИЈАВА
Секој даночен обврзник е должен да го пријави недвижниот имот и тоа во рок од 15 дена од денот на стекнувањето на имотот или од отпочнувањето на користење на имотот.
Бесплатен образец на даночна пријава се пополнува и поднесува во одделението за даноци во општина Карбинци .За неподенесување на даночна пријава на даночниот обврзник му се изрекува мерка глоба пропишана согласно Законот за даноци на имот.
РЕШЕНИЕ ЗА ДАНОК НА ИМОТ
Се донесува секоја година за секој даночен обврзник врз основа на поднесена даночна пријава и даночната евиденција.
РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Данокот на имот се плаќа тримесечно и пристигнува за наплата во средината на секое тромесечје или во рок од 15 дена од денот на доставувањето на решението.
ДОСТАВУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ
Решението се доставува до даночниот обврзник на последната пријавена адреса на обврзникот од даночната пријава преку доставна служба или преку пошта.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ФИЗИЧКИ ЛИЦА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Карбинци
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-133-02507
Приходна шифра:713111
Програма:00
Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ИМОТ ЗА ПРАВНИ ЛИЦА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка, буџет на Општина Карбинци
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-133-02512
Приходна шифра:713113
Програма:00
Цел на дознаката: ДАНОК НА ИМОТ
II. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТ
1. ДОГОВОР ЗА КУПОПРОДАЖБА
>Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315,цел на дознака:административна такса,образец ПП-50
>Договор за купородажба во 6(шест)примероци потпишани од договорените страни;
>Имотен лист во еден примерок да не е постар од 6(шест) месеци и да е на име на сопственикот(продавачот);
2. ПРАВОСИЛНИ:СУДСКА ОДЛУКА,СТЕЧАЈНО ИЛИ ИЗВРШНО РЕШЕНИЕ
>Даночна пријава со административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315(образец ПП-50),
>Правосилни:судска одлука,стечајно решение,извршно решение во 3(три) примерока од кој најмалку еден оригинал и две копии заверени на нотар
>Имотен лист во еден примерок на име на стечајниот,тужениот или извршниот должник и да не е постар од 6(шест) месеци
3. ДОГОВОР ЗА ДОЖИВОТНА ИЗДРШКА
>Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315,цел на дознака:административна такса,образец ПП-50
>Договор за доживотна издршка во 3(три) примероци од кои еден во оригинал и две фотокопии заверени на нотар;
4.ДОГОВОР ЗА ЗАМЕНА
>Две даночни пријави за утврдување на данокот на промет на недвижност потпишани посебно од договорните страни-учесници во размената,со платена административна такса на износ од 300,00 денари за секој учесник во замената на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315,цел на дознака:административна такса,образец ПП-50
>Договор за замена во 6(шест) примероци потпишани од договорните страни;
>Имотни листови од двете договрни страни и да несе постари од 6(шест) месеци;
5. ДОГОВОР ЗА ФИЗИЧКА ДЕЛБА
>Даночна пријава за утврдување данок на промет на недвижност потпишана од даночниот обврзник со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315,цел на дознака:административна такса,образец ПП-50
>Договор за физичка делба во 6(шест)примероци потпишани од предлагачите;
>Имотен лист да не постар од 6(шест) месеци;
>План од овластен геометар за физичката делба
ДАНОЧНА ОСНОВА
Претставува пазарната вредност на недвижниот која се утврдува по поднесување на потребната документација, проценител од Општината излегува на лице место, и врши проценка по Методологија за утврдување на пазарна вредност на недвижниот имот.
ДАНОЧНИ СТАПКИ
Стапката на данокот на промет изнесува 3 %.
ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ
Решение за данок на промет се донесува во рок не подолг од 10 дена.
РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Утврдениот данок на промет на недвижност се плаќа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ И ПРАВА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-133-02400
Приходна шифра:713311
Програма:00
Цел на доказната: ДАНОК НА ПРОМЕТ НА НЕДВИЖНОСТИ.
III. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА УТВРДУВАЊЕ ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК
1.Договор за дар-Отстапување на имот за време на живот
>Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарока потпишана од даропримачот-примателот со платена административна такса од 300,00 денари на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315 за заверка на пријава,образец ПП-50;
>Договор за дар-отстапување на имот за време на живот во 6(шест)примероци потпишани од договорните страни;
>Извод на родени-венчани за даропримачот-ите,примателот-ите
2.Оставинско(наследно) и тестаментално решение,записник за судско порамнување и записник за извршена судска и физичка делба
>Пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателите на имот(законските и тестаменталните наследници,порамнувачите и учесниците во физичка делба) со платена административна такса на износ од 300,00 денари на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315 за заверка на пријава,(образец ПП-50);
>Правосилно,оставинско решение како и записник(спогодба) за судско порамнување односно физичка делба во 3(три)примероци од кои најмалку 1(еден) оригинал и две копии заверени на нотар
>Имотни листови во еден примерок на име на оставителот,тесторот или на сопствениците и да не е постар од 6(шест) месеци;
3.Договор за дар и договор за физичка делба-втор и останати наследни редови
>Даночна пријава за утврдување данок на наследство и подарок потпишана од примателот на имотот со платена административна такса од 300,00 денари на уплатна сметка 840-133-03182,приходна шифра 722315 за заверка на пријава,
>Договор за дар и за физичка делба во 6(шест) примерока потпишан од договорните страни;
>Имотен лист на име на сопственикот-сопствениците и да не е постар од 6(шест) месеци;
>Извод на родени за сите договорни страни
ДАНОЧНА ОСНОВА
Претставува пазарната вредност на недвижниот имот утврдена од овластен проценител според методологија за утврдување на пазарната вредност на недвижниот имот.
ДАНОЧНИ СТАПКИ
-прв наследен ред –ослободен
-втор наследен ред – изнесува 3%
-трет наследен ред и останати –изнесува 5%.
ДАНОЧНИ ОСЛОБОДУВАЊА
Не плаќа данок наследникот, односно примателот на подарокот од прв наследен ред
РОК ЗА ДОНЕСУВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ:
Решение за наследство и подарок се донесува во рок од 30 дена
РОК ЗА ПЛАЌАЊЕ:
Данокот на наследство и подарок се плаќа во рок од 15 дена од денот на приемот на решението.
ПЛАЌАЊЕ НА ПРЕСМЕТАН ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-133-02533
Приходна шифра:713211
Програма:00
Цел на доказната: ДАНОК НА НАСЛЕДСТВО И ПОДАРОК.
IV. ПОТРЕБНИ ДОКУМЕНТИ ЗА КОМУНАЛНА ТАКСА
ОБВРЗНИК НА КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА
Е физичко и правно лице и граѓанинот кои користат определени права, предмети, услуги за чие користење е пропишано, плаќање на комунална такса, согласно член 4 од Законот за комунална такса.
КОМУНАЛНА ТАКСА ЗА ФИРМАРИНА СЕ ПЛАЌА ЗА:
– за деловните простории на трговските друштва односно за седиште на правното лице, комуналната такса изнесува 6.000, денари на годишно ниво,
– за деловните простории на физичките лица, трговците поединци, комуналната такса изнесува 2.000, денари на годишно ниво,
– за деловните простории на физичките лица кои данокот го плаќаат во паушален износ, комуналната такса изнесува 500,00 денари на годишно ниво,
– за секоја подружница односно продавница, киоск, деловна единица и слично комуналната такса изнесува 2.000,00 денари на годишно ниво.
ДАНОЧНА ПРИЈАВА
>Решение од Централен регистар за оснивање на трговско друштво;
>Решение од Централен регистар за отварање/затварање на деловна единица;
>Решение од Централен регистар за ликвидација/бришење на трговско друштво;
>Решение од Основен суд за отворена/затворена стечајна постапка;
>Известување за извршена промена на седиште на Т.Д. или деловна единица
Обврзникот на таксата е должен да поднесе пријава до општинската администрација во рок од 15 дена од денот на настанатата обврска или доколку настанат промени кои доведуваат до плаќање на такса во поголем или помал износ.
Обврзникот на таксата кој нема да поднесе навреме пријава, ќе се задолжи освен со редовната такса и со зголемена такса од 30%.
За настанатите промени кои се однесуваат за правните лица како: промена на седиште, нови регистрирани или затворени подружници, стечај, ликвидација и сл., правното лице е должно во рок од 15 дена да го извести Одделението за администрирање со даноци и комунални такси, со прилог на тековна состојба од Централниот регистар на РМ.
ДОНЕСУВАЊЕ РЕШЕНИЕ
Решение за комунална такса за фирма/назив на деловна просторија се донесува според податоците од состојбата на 1-ви јануари секоја година за секој обврзник одделно.
РОК НА ПЛАЌАЊЕ
Комуналната такса се плаќа во рок од 30 дена од денот на доставувањето на решението, а за секој ден задоцнување се плаќа дневна камата од 0,05%
ПЛАЌАЊЕ НА ФИРМАРИНА:
На Налог ПП-50 се врши уплата на следната жиро сметка:
Назив на примач: Трезорска сметка
Бр.на жиро с-ката:100000000063095
Депонент: Народна банка
Уплатна с-ка:840-133-03210
Приходна шифра:717112
Програма:00
Цел на доказната: ФИРМАРИНА
V. ВРАЌАЊЕ НА ПОВЕЌЕ ИЛИ ПОГРЕШНО УПЛАТЕНИ СРЕДСТВА (ДАНОЦИ,КОМУНАЛНИ ТАКСИ И ПРЕСМЕТАНА КАМАТА) И ПРЕНАСОЧУВАЊЕ НА ИСТИТЕ
Се врши врз основа на поднесено писмено барање со уплатени 50,00 денари административни такси на уплатна сметка:840-133-03182 и приходна шифра 722-315, со образложение и приложени докази од кои причини се бара враќањето на средствата или пренасочувањето.
|