Административна постапка за именување на улици и нумерирање на објекти


Од месец Септември во месните заедници во населените места на општина Карбинци ќе се верификуваат мандатите и ќе се врши избор на нов состав на членовите на месните заедници.


Како новитет кој што ќе биде една од првите точки на состанокот со месните заедници, по моја иницијатива,

ќе биде започната административна постапка за именување на улици и нумерирање на објектите во населените места во општина Карбинци, каде по предлог на населението истите ќе бидат именувани.
Воведувањето на имиња на улиците нема да ги обврзува жителите да ја менуваат адресата на живеење во своите валидни лични документи,жителите ќе имаат можност да го направат тоа при нивно обновување.

Жителите на општина Карбинци заслужуваат подобра иднина а ние заедно со работа и труд ќе го подигнеме квалитетот на живот во нашата општина!