Покрај другите надлежности согласно Закон за локална самоуправа со стапувањето на децентрализацијата,
Општина Карбинци ја има надлежноста во образованието и труд и социјална политика.
Податоци за Општина Карбинци од областа на образованието: ЛИНК ДО ДОКУМЕНТ
На територија на општина Карбинци има едно основно училиште "Страшо Пинџур" , со 9 подрачни единици во населените места с.Карбници,
с.Таринци, с.Долни Балван, с.Крупиште, с.Радање, с.Стар Караорман, с.Кучица, с.Оџалија, и с.Калузлија. Нашето училиште претставува отворена
институција за нови и напредни облици на учење и примена на новите методологии и го стимулира индивидуалниот развој на сите ученици
и вработени без разлика на етничката припадност, ја развива свеста за правата и одговорностите на ученикот, ја развива свеста за правата,
и одговорностите на ученикот.
За повеќе информации посетете ја официјалната страна на училиштето на следнот линк:
Основно училиште "Страшо Пинџур"
Детската градинка „Кокичиња“, која, впрочем, е и единствената на територија на општина Карбинци започна да се гради во 2014 година,
а свечено беше пуштена во употреба во 2015 година. Капацитетот на Детската градинка „Кокичиња“ двојно ќе се зголеми.
Проектната документација е обезбедена од страна на Општината, а проектот ќе се реализира со финансиска поддршка
од ресорното Министерство за труд и социјална политика. Во следниот период ќе започне и постапката за објава на
јавната набавка со што ќе избере изведувач и надзор. Со оваа доградба ќе добиеме нови занимални со дополнителни содржини,
а чекањето за упис на дечиња ќе стане минато.