Oд денес, жителите на општина Карбинци имаат можност да користат јавен превоз два пати во текот на денот за време на работните денови, збогатен со две дестинации, с.Козјак и с.Аргулица.
Цените на билетите остануваат исти за граѓаните според досегашниот ценовник со тоа што за лицата кои ќе се превезуваат од с. Козјак и с. Аргулица ќе важат цените за с. Радање (90 - единечен/140 ден-повратен билет).
Нашата заложба е да овозможиме квалитетен живот и вистински решенија за нашите
жители!