Со одлична динамика се одвиваат градежните активности во с.Кучица за изградба на мост кој е од големо значење за поврзување на улиците
кои се во тек на градба во ова населено место. Нашата тенденција е да им овозможиме подобра патна инфраструктура на жителите и подобар и олеснет пристап до своите домови.
Општина Карбинци продолжува со изградба на патната инфраструктура и подобрување на условите за живот на своите жители!