ЈАВЕН ПОВИК за субвенционирање на домаќинствата во Општина Карбинци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди.




Втора година по ред, општина Карбинци, со цел да ги стимулира домаќинствата на Општина Карбинци за употреба на високоефикасни инвертер клима уреди за затоплување на своите домови, кои се поекономични, енергетски поефикасни и еколошки прифатливи за околината, на жителите кои кои ќе купат и монтираат високоефикасен инвертер клима од денот на oбјавувањето на јавниот повик 01.05.2024 година заклучно со 31.08.2024 година ќе им ги надомести (субвенционира) дел од трошоците направени при набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди во висина од 30% од вредноста на инвертер клима, но не повеќе од 20.000,00 денари по барател, со вклучен персонален данок на доход.

Право на учество на јавниот повик имаат сите физички лица – жители на Oпштина Карбинци.

➡️ Барателот до Општина Карбинци треба да ја поднесе следната документација:
- пополнето барање за надоместок-субвенција (Барањето може да се подигне од архивата на Општина Карбинци или да се обезбеди од интернет страницата на Општина Карбинци: www.karbinci.gov.mk);
- фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на барателот, како доказ дека е жител на Општина Карбинци;
- фотокопија од трансакциска сметка на барателот;
➡️ Барањето за надоместување на дел од трошоците за купена инвертер клима уред со потребната документација се поднесуваат во архивата на Општина Карбинци.

ДОКУМЕНТИ 
Јавен повик_субвенционирање_клими Преземи

Барање_Уверение за платени даноци

Преземи

Potvrda-inverter-klimi-2024

Преземи

Izjava-inverter-klimi-2024

Преземи

Baranje-inverter-klimi-2024

Преземи