ВД Директор
Марина Гоцева Јангелова
Професор по предучилишно воспитание
ЈОУДГ „Кокичиња“ е единствената Детска градинка на територијата на Општина Карбинци.
Работата во ЈОУДГ „Кокичиња“ се реализира во еден објект со вкупна површина од 432 м2, кој стратешки е изграден на влезот од с.Таринци, заради полесен пристап од останатите населени места во Општина Карбинци.
Објектот во кој се наоѓа градинката е наменски граден според нормите и стандардите предвидени со законските регулативи. Објектот поседува:
- една занимална наменета за деца од 8 месеци до 2 год.возраст;
- две занимални за деца од постара предучилишна возраст - градинка;
- санитарни простории за секоја занимална;
- отворена занимална - тераса за секоја занимална;
- повеќенаменски простор за активности со децата;
- просторија за стручен кадар;
- административна просторија;
- просторија за изолација;
- санитарии со туш и гардероби;
- кујна;
- магацин за кујната;
- магацин за хигиенски средства;
- просторија за перење;
- просторија за топлотна постаница.
Објектот е опремен со функционални основни средства и ситен инвентар, кој е сообразен со возраста на децата и ги задоволува нивните потреби.
Занималните во градинката се опремени со мебел, играчки и материјали, во согласност со пропишаните нормативи и редовно се опремуваат и дополнуваат со нов игровен материјал и мебел по потреба.
Градинката располага сo дворна површина од 4462 метри квадратни. Дворот е хортикултурно уреден со тревник, зимзелени дрвја и цвеќиња кои редовно се одржуваат. Исто така се поставени и клупи за седење и канти за ѓубре.
Детската градинка располага и со Детско игралиште опремено со реквизити соодветни на возраста на децата.
ЈОУДГ„Кокичиња“ има капацитет од вкупно 50 деца кои според возраста се распределени во 3 воспитни групи и тоа:
1 Група до 2 годишна возраст
1 Хетерогена група од 2 до 6 годишна возраст(деца од 2-4 год.)
1 Хетерогена група од 2 до 6 годишна возраст(деца од 4-6 год.)
Моменталниот капацитет на градинката не ги задоволува потребите на Општина Карбинци, па затоа наскоро ќе се започне со доградба на постојниот објект со што ќе се зголеми капацитетот на истиот за уште 50 деца.
Сите вработени во градинката се со соодветно образование, a воспитувачките и негувателките поседуваат соодветни лиценци според работното место во градинката.