Почитувани сограѓани,
Во пресрет на Новогодишните и Божиќните празници, во мое име и во име на општинската администрација, од сѐ срце Ви ги честитам претстојните празници со желби за добро здравје, просперитет, среќа и меѓусебна сплотеност.
Од годината која изминува зад нас да ги понесеме позитивните мигови, успеси и искуства.
Одговоривме максимално на предизвиците, завршивме капитални проекти кои ќе го носат потписот на нашата посветена работа и максимална ангажраност.
Во Новата година влегуваме со нова енергија во остварување на нашите планови и програми во интерес на граѓаните и развојот на општина Карбинци понатаму.
Да ги пречекаме новогодишните празници во мир и благосостојба, а Новата 2025 година да ни биде предизвик за ново докажување, знаејќи дека свесно придонесуваме за напредок на заедницата и повисоко ниво на општественото живеење.
Среќни Новогодишни и Божиќни празници!