Возејќи велосипед го одбележавме Денот без автомобили
Денес во организација со ООУ ,,Страшо Пинџур", заедно со учениците и наставниците, возејќи велосипед го одбележавме Денот без автомобили, активност која е во рамки на Европската недела за мобилност.
Секојдневно да возиме велосипеди затоа што не ја загадуваат околината а воедно се најекономични и еколошки превозни средства!