Индексот на буџетската и даночната транспарентност во општина Карбинци бележи тренд на постојано подобрување!
Споредено со претходните години, анализата на индексот на буџетската и даночната транспарентност за 2023/24 година, Општина Карбинци е рангирана со висок индекс на буџетска и даночна транспарентност,
што укажува дека има значително подобрување во достапноста на документите и информациите до јавноста во однос на буџетската и даночната транспарентност!
Продолжуваме одговорно, подобрувајќи ја ефикасноста, респонзивноста и отчетноста во нашата работа, заедно со Вас граѓаните правилно да ги распределуваме расположливите средства за економски посилна општина Карбинци!