ИЗВЕСТУВАЊЕ
Поради големата заинтересираност од страна на граѓаните, јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Карбинци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди се продолжува заклучно со 31.08.2023 година.
Општината ќе им ги надомести субвенционира дел од трошоците направени при набавка и монтажа на уредот.
Основен услов за остварување на правото на субвенционирање е да биде монтиран инвертер клима уредот.
Останатите одредби од јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во Општина Карбинци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди бр. 09-670/1 од 15.05.2023 година, остануваат непроменети.