Денес се одржа третата седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад при Источнопланскиот регион.
Заедно со заменик министерката за животна средина Ане Лашкоска, денес разговараме за неколку важни точки кои се клучни за реализација на проектот "Изградба на регионален центар за управување со отпад",
проект важен за целиот регион за решавање на децениски проблем со кој што се соочува источниот и североисточниот регион!
Нашата тенденција е целосно укинување на дивите депонии и градење на регионален центар за управување со отпад кој ќе нема загадување, напротив еколошки придобивки!