Целосно е спремна новата техничка документација за реализацијата на проектот "Осветлување и хортикултурно уредување на кејот на Козјачка река во с.Карбинци".
Со реализацијата на овој проект во целост ќе се смени и уреди ликот на кејот, целосно ќе биде осветлена пешачката патека од двете страни, ќе бидат поставени клупи за седење, ќе се овозможи прикладно место за одмор и релаксирање на постарите и рекреација на помладите.
Инфраструктурата и животната средина мора да
бидат приоритет за општината да биде убаво место за живеење!
Со уредувањето на овие површини добиваме поубава и почиста општина и поздрава животна средина.
Во време на динамичен и брз начин на живот, ваквите места нѝ се повеќе од потребни!