Општина Карбинци и Градоначалникот на Општина Карбинци организираат отворени денови со граѓаните и демократско носење одлуки за формирање на буџетот на општина Карбинци за 2024 година.
Отворени денови овој месец ќе се организираат во просториите на општината секој Вторник и Четврток од 14:00 до 16:00 часот.
Се повикуваат сите граѓани да го дадат својот предлог за креирање на новиот Буџет на Општина Карбинци за 2024 година.
Доколку некој не е во можност да дојде својот предлог може да го даде преку онлајн анкетата која може да ја најдете на официјалната страна на општина Карбинци или на следниот линк:
АНКЕТА ЗА ФОРМИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ ЗА 2024 ГОДИНА