Општина Карбинци може да се пофали со бројни реализирани проекти,
неколку повеќенаменски спортски игралишта и тоа во с.Карбинци, с.Долни Балван и с.Крупиште, како и детски игралишта во с.Карбинци, с.Таринци и с.Крупиште!

Но ние не застануваме тука, продолжуваме уште поенергично, нови и современи детски игралишта ќе добијат с.Радање, каде што се во тек градежните активности,
с.Долни Балван и с.Козјак, додека постоечкото повеќенаменско игралиште во с.Таринци ќе добие современа тартан подлога!
Создаваме сериозна основа и вложуваме за понатамошен развој на спортот, спортската инфраструктура и пред сѐ потребите на младите во нашата општина, бидејќи тие се нашата иднина!