Се асфалтираат три спортски игралишта на територија на Општина Карбинци.

Вредноста на овој инфраструктурен проект изнесува 3.695.038 денари, средствата се во целост обезбедени од буџетот на Општина Карбинци.

Станува збор за мало спортско игралиште во с.Крупиште, мало спортско игралиште во с.Карбици и асфалтна површина во с.Кучица.

Село Кучица доби нова повеќенаменска асфалтна површина од 500м2.

На барање на жителите реализиран е овој проект кој е важен за ова населено место. Бидејќи станува збор за планински предел асфалтната површина ќе служи за рекреација, но и за одвивање на традиционални свечености и обичаи на жителите.