Денес се започува со пробивање на трасата за изградба на пристапниот пат до пречистителната станица во Карбинци каде ќе следи и негово асфалтирање.

Патот е во должина од 1.6км и е во рамките на проектот за поврзување на цевководите со населените места.

Со завршување на проектот и по добивање на употребна дозвола 8 населени места ќе добијат чиста и здрава вода за пиење по европски стандарди.