Бог се јави! Навистина се јави!

Нека е за многу години овој голем православен христијански празник Богојавление – Водици на сите православни христијани.

Нека ни донесе пред сѐ здравје овој ден, мир, пород, и разбирање. Денес традиционално се фрлаше светиот крст во населените места с.Карбинци, с.Таринци и с.Долни Балван во Општина Карбинци.

Најсреќни меѓу најхрабрите кои влегоа во осветените води беа Зоран, Давид и Филип.

Од срце им честитам и им посакувам многу здравје, среќа, благосостојба и многу успеси во 2023 година. За многу години!