Денес се изготвени и потпишани првите решенија за исплата на субвенција за набавен и монтиран инвертер клима уред во домаќинства во општина Карбинци.
Општина Карбинци втора година по ред ќе субвенционира домаќинства за набавка на инвертер клима уреди.
Оваа година вкупно 77 домаќинства имаат поднесено комплетно барање до архивата на општината во рамките на јавниот повик за субвенционирање на домаќинствата во општина Карбинци за набавка и монтажа на високоефикасни инвертер клима уреди, за кои oпштината ќе издвои околу 800.000 денари од сопствените средства.
Нашата цел е стимулирање на граѓаните на oпштина Карбинци за користење на високоефикасни инвертер клима уреди кои се поекономични, еколошки а во исто време ефикасни при затоплувањето на домовите.
May be an image of 2 people