Во тек е реконструкција на регионалниот пат од Штип кон Карбинци.
Заедно со директорот на ЈПДП Коце Трајановски едногласно е договорено дека на делницата од стар Караорман до Таринци во должина од 2.5км е потребно проширување и реконструкција. Во следниот буџет за 2025г. ќе се работи на проектирање и веднаш на реализација, како и реконструкција на потегот од село Карбинци кон Плачковица.