Свечен почеток за првачињата од ООУ ,,Страшо Пинџур" 
Успешен почеток на учебната година на сите новозапишани првачиња, им посакувам да се стремат да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа да си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кон успехот!
Општина Карбинци и оваа година додели бесплатни униформи и училишен прибор за секое прваче, исто така ќе додели еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.000 денари кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината.
Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството и подобри услови во образовниот процес за секое дете.
Среќно првачиња!