Заедно со Министерот за култура и туризам Зоран Љутков и претставници од Заводот и Музеј Штип, денес направивме увид во актуелната состојба на археолошкиот локалитет Баргала
каде што неодамна се реализареше проектот за електрификација, оградување и поставување на туристичка сигнализација на археолошкиот локалитет Баргала, со што очекуваме ова мошне значајно археолошко наоѓалиште во Македонија да има едно централно место на туристичката мапа.
Во иднина очекуваме Министерството за култура и туризам да биде наша поддршка за реализација на проекти што се поврзани со историјата на нашата татковина кои се од огромно значење и за нас како општина, и за сите идни генерации бидејќи со нивна реализација и тие ќе станат дел од историјата!