Ветивме и реализираме!
Започнаа градежните активности за изградба на две нови улици во с.Козјак, како дел од проектот за изградба на улици во повеќе населени места во нашата општина, во следниот период продолжуваме во с.Аргулица, с.Радање и с.Таринци.
Нашата заложба е да им овозможиме улици без кал и да се подобрат пристапните патишта до домовите на жителите!
Посветено работиме на квалитетно подобрување на локалната патна инфраструктура и намалување на бројот на улици без асфалт во сите населени места во нашата општина!