Општина Карбинци ги информира своите сограѓани дека во четврток, (17.10.2024) со почеток во 17:00 часот во спортската сала на ЦОУ „Страшо Пинџур“
Карбинци ќе се одржи петтата Форумска сесија од Проектниот форум во рамките на проектот "Зајакнување на општинските совети - Фаза 2".
На претходните четири ф��румски сесии, кои се реализираа во изминатиот период, учесниците ги идентификуваа и дефинираа локалните проблеми, предлагаа решенија, развиваа проекти и одбраа приоритетен проект.
Во рамки на петтата сесија, Општината ќе ја информира јавноста за реализацијата на проектот и придобивките кои ЈП "Плачковица" ги има како краен корисник.
Главната суштинска цел беше да се развие учество на жителите и воопшто јавноста, да се препознае процесот на донесување одлуки важни за заедницата и активно жителите да учествуваат во него!
May be an image of text