1 година успешно реализирање проекти

Почитувани, На денешен ден пред 1 година функцијата градоначалник на општина Карбинци ја превзеде Виктор Паунов.
"Со многу труд, посветеност и визија работев чесно за да ја оправдам вашата доверба. Вие чесниот народ бевте и ќе бидете мојата мотивација и за понатаму.
За 1 година во нашата општина покажавме дека можело да се работи ако се умее, да се гради ако се сака, проблемите да се решаваат на дневна основа." , изјави градоначалникот Виктор Паунов.
За само 1 година во општина Карбинци се реализирани проектите:  Изградени се повеќе од 5км улици и патишта во селата Д.Балван, Таринци, Карбинци, Радање, Аргулица, Козјак, Кучица, индустриска зона - Таринци.
 Изградено ново спортско игралиште во Крупиште ,Реконструирано уништеното игралиште во Карбинци ,Повеќенаменска асфалтна површина од 500м2 во село Кучица.
 Поставена е нова урбана опрема за дечињата во детската градинка ,,Кокичиња"
Започнато е со реконструкција на мостот кај село Долни Балван на река Брегалница кој поради неводење грижа во минатото се случи да биде оштетен.
Завршено е уредувањето на речното корито на Козјачка река во Карбинци и веднаш се започнува со следна фаза за уште 135м долж течението на реката со што се обезбедува сигурност и заштита на населението од поплави и се разубавува урбаниот лик на Карбинци.
Се решава водоснабдувањето во 8 населени места со изградбата на 18км цефководи со што ќе бидеме поврзани со ХС Злетовица и проблемите со вода за пиење во селата Радање, Таринци, Црвулево, Аргулица, Карбинци, Д.Балван, Козјак и инд. зона ќе бидат минато.
Се уреди влезот на селото Таринци со нови паркинг места и еден модерен урбан лик.
Изградба на парк од 2000м2 покрај регионалниот пат Таринци - Плачковица .
Отстранет објектот кој беше во распаѓање старата спорстка сала во Долни Балван каде во следниов период ќе се реконструира кровот и остантиот дел од зградата.
Подобрено сервисирањето на уличното осветлување со штедливи и модерни сијалици.
Нов модерен лик доби плоштадот во с.Таринци со помош на жителите реконструирана урбана опрема и поставено ново модерно осветлување.
Дадена поддршка од 3000 денари за секое запишано првооддленче во нашето училиште, секој запишан средношколец и бруцош на државен универзитет.
 Нови брендирани бесплатни униформи за учениците во ООУ ,,Страшо Пинџур" .
Бесплатен училиштен ранец и прибор за сите првоодделенчиња.
Целосно ново опремено подрачното училиште во Крупиште.
Поставено ,,лежечки полицајци" на 4 локации во нашата општина се со цел подобрување на безбедноста на жителите.
Преку програмата од ТАВ се гради нов водовод за плачковичкиот регион каде се обезбедени средства за изградба за половина од трасата со што во иднина ќе продолжиме со втората половина.
После 3 години промашена изградба на мостот на Козјачка река во Карбинци успешно е завршен за само неколку месеци.
Исчистени неколку диви депонии кои беа долгогодишен проблем во повеќе населени места.
Аргулица за прв пат после неколку децении доби техничка вода низ каналите во селото, заедно со МЗ и жителите е решен овој проблем.
Тампонирани се полски патишта во повеќе атари во местата Долни Балван, Карбинци.
Дадена е поддршка за нашите спортски клубови ФК Карбинци и БК ,,Киро Ристов" "Драги пријатели, обезбедивме финансиски средства за повеќе крупни проекти кои во следниот период ќе ги реализираме а тоа се:
Реконструкција на клучниот патен правец Долни Балван - Таринци со изградба на пешачко велосипедска патека.
Доградба на детската градинка ,,Кокичиња" за уште 50 дечиња.
 Нов резервоар за вода со цефковод за селата Долни Балван и Нов. Караорман
Реконструкција на главната улица во должина од 500м со атмосверска канализација во Таринци.
Електрификација на локалитетот ,,Баргала" Обезбедивме и техничка документација за:
Уредување на каналот ,,Герен" во Д.Балван.
 Доградба и реконструкција на ПУ ,,Страшо Пинџур" Таринци
Нова детска градинка со капацитет од 100 деца во Карбинци.
Велосипедско пешачка патека Таринци - Карбинци во должина од 1,8км
 Целосно осветлување на речното корито на Козјачка река во Карбинци Во Карбинци 1 година на се користат репрезентации за кафеани, службени телефони и возила за лични потреби.
Пред нас има многу работа, Вие жителите сте мојот МОТИВ, ќе продолжиме посилно за нашата општина Карбинци да биде подобро место за живеење затоа што тоа го заслужувате!",
истакна градоначалникот Виктор Паунов.