Првиот училишен ден во ООУ “Страшо Пинџур” Карбинци

Првиот училишен ден е ден на надеж, ден за нови почетоци и нови очекувања. Започнува една нова фаза од живот на дечињата, каде ќе се стекнат со многу знаења и вештини во текот на образовниот процес.

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов ги поздрави новите првачиња за успешен почеток на учебната година, им посака да се стремат да се развиваат и изградат како индивидуи а со самото тоа да си овозможат и подобра иднина бидејќи образованието е чекор кон успехот.

На овој свечен почеток првачињата од ООУ ,,Страшо Пинџур" добија:

1. Бесплатни ранчиња

2. Бесплатен училишен прибор

3. Бесплатни униформи со логото на училиштето

4. Финансиска помош од општината во висина од 3000 ден.

5. Подарок од фирмата ЕАМ

Општина Карбинци оваа година додели еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.000 денари кој се исплаќа во бруто износ од Буџетот на општината. Целта на овој проект е да се олеснат трошоците на родителите за новиот ученик во семејството и подобри услови во образовниот процес за секое дете.

Среќно првачиња!