На денешната средба на градоначалникот со претставници од Центарот за источно плански регион и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и музеј - Штип,
се официјализираше започнувањето на реализацијата на проектот “Eлектрификација, оградување и поставување на туристичката сигнализација на археолошки локалитет Баргала”
финансиран од Биро за регионален развој преку Центарот за источно плански регион и Општина Карбинци.
"Ние продолжуваме да бидеме, како и секогаш, во поддршка на промоција и развој на вистинската култура и уметност" , истакна градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.