Градоначалникот на Општина Карбинци, Виктор Паунов заедно со директорот на Бирото за регионален развој Рамиз Реџепи, потпишаа договор за реконструкција на улица во село Таринци.
Обезбедени се финансиски средства во висина од 6.169.998 денари од програмата за развој на селата.
Главната улица во Таринци ќе биде целосно реконструирана со тротоарско решение и атмосверска канализација.