Од месец Септември започнавме со изготвување на месечен граѓански информатор,
со цел тековно и транспарентно информирање на граѓанитеза активностите во текот на цел месец.
Денес е пуштен во употреба и примероци од истиот можете да најдете во просториите на Општина Карбинци,
како и во локалните продавници во населените места.
На крајот од секој месец ќе издаваме нов број на граѓански информатор со цел информирање на јавноста за тековните активности во нашата општина!
Транспарентно и отчетно за граѓаните, бидејќи Вие го заслужувате тоа!