Денес започнува изградбата на една од двете планирани улици во с.Радање кои се од големо значење за жителите.

Улицата е со должина од 200м во вредност од 515.794,00 денари со вклучено ДДВ. ️

"Нашата примарна цел е да се обезбедат соодветни услови за сите граѓани, бидејќи сите заслужуваат подобро место за живеење и улици без кал." , изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.