Нов асфалт доби улица во с. Аргулица. Продолжува тенденцијата за асфалтирање на локални улици во Општина Карбинци.
Како дел од проектот стојат улиците во с.Козјак, с. Аргулица и с.Таринци со вкупна површина од 1700 м2.
Вредноста на овој инфраструктурен проект изнесува 1.700.000 денари, средствата се во целост обезбедени од буџетот на Општина Карбинци.
“Инвестираме во патна инфраструктура со цел улици без кал низ целата Општина.
Дадениот збор се исполнува, продолжуваме и во следните денови.”, изјави градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов.