Денес Претседателот на Владата Hristijan Mickoski потпиша меморандум за соработка и разбирање со ЗЕЛС.
Овој Меморандум за соработка се склучува како израз на соработка и претставува дефиниција на формите и начините на идната соработка, ги утврдува приоритетите и идните проекции на развојот на системот на локалната самоуправа во Републиката.
Заради остварување на целите на соработката, двете страни се согласни да изготвуваат годишна програма на приоритетни активности кои ќе бидат цел за реализација во тековната година.
Владата и ЗЕЛС се согласни да воспостават пракса на одржување на заеднички седници на Владата и Управниот одбор на ЗЕЛС на која ќе се изврши консултација за прогресот, тековните приоритетни прашања и анализа на проблемите со кои се соочуваат општините во Републиката.