Денес Министерот за локална самоуправа Златко Перински, амбасадорката на Швајцарија НЕ Вероник Улман и Постојаниот претставник на Обединетите нации Армен Григоријан ја посетија нашата општина.
Одржавме состанок каде што дискутиравме за резултатите од проектот „Зајакнување на општинските капацитети“, Општина Карбинци успешно го реализираше целиот форумски процес каде што прворангиран и приоритетен проект беше "Набавка на возило за комунален отпад со капацитет од минимум
10м3".
Општина Карбинци со успешната реализација на проектот, преку активно учество на граѓаните во процесите на донесување одлуки на локално ниво,
значително ја подобри транспарентноста и отчетноста пред јавноста, тоа беше позитивно оценето од страна на меѓународниот фактор и подржано од страна на Министерството за локална самоуправа.
Проектот е финансиран од Швајцарската влада и Министерството за локална самоуправа, а е кофинансиран и имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации – УНДП, во соработка со други национални институции и ЕЛС.