Ги исполнуваме потребите и ветувањата кон граѓаните на општина Карбинци! 
Денес започнуваме со реализација на проектот Доградба на детската градинка "Кокичиња" во с.Таринци, со што капацитетот на оваа градинка ќе се зголеми за уште 50 дечиња!
Инвестицијата е 19.300.000 денари, средства обезбедени од Министерството за труд и социјална политика, со кофинансирање од општина Карбинци.
Овој проект е во насока на остварување на реалните потреби на родителите од нашата општина поради потребите за сместување и згрижување на нови дечиња во градинка а капацитетот на истата не задоволува.
Со зголемувањето на просторот ќе добиеме нови занимални со дополнителни содржини, а чекањето за упис на дечиња ќе стане минато!