Денес започнуваме со поставување на фотоволтаични панели како дополна од 26,5 кW на веќе постоечките на покривот на детската градинка Кокичиња во с.Таринци, како дел од проектот "Инсталации на фотоволтаични системи на јавни објекти во источен плански регион".
Со поставување на панелите во склоп на оваа градинка, помагаме при снабдувањето на електрична енергија и придонесуваме во заштеда и намалување на трошоците за електричната енергија.
 Нашата примарна цел е да успееме да ги подобриме изворите на електрична енергија и да ја заштитиме природата и идните генерации!