Виктор Паунов
Виктор Паунов е роден на 30.04.1990 во Штип. По професија е музички педагог дипломирал на Универзитетот ,,Гоце Делчев” во Штип на факултетот за музичка уметност. Запишан на магистерски студии на музичка теорија и педагогија при универзитетот ,,Гоце Делчев” Штип. Работно искуство во приватен сектор во делот на транспорт и логистика во германската компанија Meyer&Meyer каде работел со организација на меѓународен транспорт за државите Тунис и Мароко но и неколку европски земји. Говори англиски, и има неколку меѓународни сертификати. Виктор важи за динамичен политичар кој е секогаш достапен за граѓаните и упорен во идеите и визијата која е неговото мото.